Прескокни до содржината
Dalibor Plečić
Корица на книгата „Буники“ од Далибор Плечиќ

Буники

од Далибор Плечиќ

ПНВ Публикации · 2022

Каде да ја најдете

Станува збор за збирка на раскази, пред сѐ составена во една, условно речено, несиметрична структура. Имено, почнува со една новела, ако може така да се каже, со расказот „Буники“, кој е значително подолг од другите четири. Тој е централен во збирката и стои како оска или, подобро, планета околу која другите кружат како сателити. Тоа не значи дека тие сателити се зависни од планетата и дека не би можеле сами да егзистираат, туку дека се само привлечени од нејзината гравитација и се наоѓаат во нејзиното поле на наративна тежа. Расказите зборуваат за егзистенцијални и метафизички проблеми на главните протагонисти и на контекстот во кој живееме, за промените што настануваат со преминот од, условно речено, „аналогната“ во „дигиталната“ доба, за збунетоста на припадниците на генерациите што се родени некаде помеѓу, за проблемите на општеството во кое живееме и неговата есхатолошка слика за нашата иднина. Зборуваат и за некои реални приказни, чувствата и сл